Убиени 12 деца во воздушен напад на џамија во Авганистан

Илустрација

Авганистанските власти соопштија дека 12 деца биле убиени, а неколку други биле ранети во воздушен напад врз џамија во северната провинција Тахар.

„Нападот се случил вчера, во областа Бахарак, на околу 15 километри од регионалниот главен град Тахар, каде талибанските борци претходно убиле десет припадници авганистански безбедносни сили“, изјави покраинскиот советник Мохамад Азам Афзали.

Портпаролот на покраинскиот гувернер исто така го потврди извештајот.

„Воен авион ја бомбардираше џамијата откако доби информација дека талибанските милитанти кои учествувале во часовите пред крвавиот напад врз безбедносните сили се криеле таму“, додаде Афзали.

Безбедносните служби сè уште немаат коментар за воздушниот напад и не е јасно дали е извршен од авганистански или странски сили.