Постојаните членки на СБ на ОН со различни ставови за иднината на УНМИК

Советот за безбедност на Обединетите нации

На вчерашната видео сесија за Косово, постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации го поздравија продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина и презентираа претходно познати, спротивставени ставови за иднината на мисијата на ОН на Косово - УНМИК. На седницата по повод разгледувањето на новиот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, претставникот на САД го поздрави, како што рече, „историскиот договор“ меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти во Белата куќа за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина.


Испратен првиот македонски контингент во мисијата КФОР на Косово

Вашингтон и Лондон го повторија претходно изнесениот став дека улогата на УНМИК е надмината и дека ОН треба да ја намали улогата на мисијата на Косово и да ги пренасочи ресурсите таму каде што се потребни. За разлика од дипломатите од САД и Британија, претставникот на Франција во ОН оцени дека УНМИК има важна улога и дека тоа значително му помага на Косово во борбата против пандемијата на коронарниот вирус. Рускиот претставник пак го повтори ставот на Москва дека УНМИК е „клучна меѓународна мисија на Косово“.