Димитров: Не е во ред македонскиот јазик да биде пречка за европската иднина

Никола Димитров

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров изјави декa Северна Македонија е посветена на имплеметација на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија и оти Софија одигра клучна улога во повторно актуелизирање на прашањето за проширување на Европската Унија, но напомена дека досегашниот успех ќе биде ставен во ризик доколку не се најде решение за ќор сокакот, кој настана поради спорот со Бугарија. „Едноставно не е во ред македонскиот јазик да биде пречка за нашата европска иднина, доколку се земе предвид дека ЕУ е заедница, која ги вреднува различностите“, истакна Димитров за „Политико“.

Заев: Нема потреба од нов договор со Бугарија, ниту од лидерска

Во написот под наслов „Бугарија се заканува со вето за преговорите со Северна Македонија“, се наведуваа дека европските дипломати пред два дена имале прва дискусија за преговарачката рамка и оти се уште има шанси да се избегне пропаѓањето на процесот и дека се планирани повеќе разговори.

Македонско-бугарска комисија - нема договор, но има надеж

„Се уште има простор за дипломатија, изјави еден од дипломатите, кој учествувал на средбата, посочувајќи на подготвителните состаноци за претстојниот самит во рамки на Берлинскиот процес, кој ќе ги обедини лидерите од Западен Балкан и Европската Унија во Софија на 10 ноември, истовремено кога се одржува и Советот за општи работи, пишува „Политико“. Дипломатски извори на „Политико“ изјавиле вчера по состанокот дека Бугарија го изнела ставот дека ќе стави вето на официјалниот почеток на преговорите со Северна Македонија, доколку не се земат предвид прашањата за јазикот и историјата.