Лидерите ги минираат обидите за крај на конфликтот во Нагорно-Карабах

Ерменски војник во Нагорно-Карабах.

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан порача дека не гледа можност за дипломатско решение на конфликтот во Нагорно Карабах, со што се кочат меѓународните напори за постигнување одржливо примирје меѓу Ерменија и Азербејџан над отцепената територија.

„Треба да сфатиме дека прашањето Карабах, барем во оваа фаза и за многу долго време, не може да има дипломатско решение“, рече Пашинијан во денешниот говор кој се пренесуваше преку Фејсбук.
Тој вели дека сè што е дипломатски прифатливо за ерменската страна, веќе не е прифатливо за Азербејџан и ги повика Ерменците „да земат оружје и да ја бранат татковината“.

  • Пет клучни работи што треба да се знаат за Нагорно Карабах

    Коментарите на Пашинијан уследија по изјавите на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, кој рече дека азербејџанските сили ќе ги истераат Ерменците од како што рече „нашите земји“. Меѓусебната реторика меѓу лидерите на Ерменија и НА Азербејџан зададе удар на дипломатскиот притисок да се стави крај на борбите околу Нагорно-Карабах.