Ковид рекорд - Нови 641 заразен и 12 починати од вирусот

Медицински лица пред Инфективната болница во Скопје.


Во последните 24 часа од направени 2688 тестирања се регистрирани 641 нови случаи на заразени со ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Повеќе од половина или 325 се регистрирани во Скопје, потоа следуваат Прилеп со 38, Куманово 26, Штип, Кавадарци и Тетово по 25, Струмица 24, Гевгелија 20, Кичево 18, Битола 14, Гостивар 11, Охрид, Кочани и Велес по 10, Крива Паланка 9, Ресен 8, Неготино 7, Радовиш и Струга по 5, Пробиштип, Валандово, Кратово, Берово, Виница и Свети Николе по 3, Демир Хисар, Пехчево и Делчево по 2 и Дебар и Крушево по еден нов случај на заразен.


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 233 оздравени пациенти.
Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (52, 73 и 85г), еден од Куманово (59г), двајца пациенти од Прилеп (78 и 75г), двајца од Велес (61 и 62г), двајца пациенти од Гостивар (43 и 76г), еден од Струмица (66г) и еден пациент од Свети Николе (69г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24836, бројката на оздравени пациенти е 17905, на починати е 862, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6069.