Бугарскиот претседател Радев негативен на коронавирус

Румен Радев, претседаел на Бугарија.


Бугарскиот претседател Румен Радев е негативен на коронавирус, соопшти денеска неговиот портпарол. Радев е во самоизолација по враќањето од Естонија, каде учествуваше на самитот на Иницијативата Три мориња, бидејќи бил во контакт со лице кое е позитивно, пренесува БТА.

Тој беше тестиран за коронавирус и во понеделникот и во вторникот вечер, по враќањето од Естонија, односно вкупно трипати и сите три теста се негативни.

Заразениот со кого бил во контакт бугарскиот претседател е новиот началник на ВВС на Бугарија, генерал Димитар Петров.