Ако помине корона законот - Клуч за објектите кои организираат свадби

Илустрација - Угостителски објекти во Скопје

Угостителските објекти во кои се одржуваат свадби и веселби и покрај забраната, засега добиваат само кривични пријави, но ако Собранието ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, ќе може да бидат затворени на 30 дена и да им се изрече парична казна на самото место со платен налог, изјави денеска Стојко Пауновски, директор на Пазарниот инспекторат.

Тој додаде дека одговорноста и свеста кај граѓаните сепак игра најголема улога во заштитата бидејќи, нема што да се преземе друго ако не делуваат казните.

Инспекцискиот совет за една недела спровел 2.183 контроли, при што биле поднесени 24 прекршочни пријави за нерегистрирана дејност или прекршување на работното време, а седум биле за непочитување на здравствеите пртоколи, односно за две се за свадби во Скопје и Тетово и пет за локали кои не почитувале растојание и број на маси и друго.