СЗО: 927.000 нови корона случаи во Европа за една недела

Илустрација

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека во Европа се забележани 927.000 нови случаи на заразени со коронавирусот минатата недела, што претставува нов најголем број на заразени лица во последните седум дена. Бројот на потврдени нови случаи со инфекцијата во Европа скокна за 25% минатата недела, каде според СЗО се регистрирани речиси 38% од вкупниот број на заразени во светот.


Повеќе од половина од новите случаи на Ковид-19 во Европа се во Русија, Чешка и Италија. Од СЗО додаваат дека бројот на смртни случаи од коронавирусот во Европа „продолжува да расте“ и дека се зголемил за една третина во однос на минатата недела.