Бугарскиот претседател Радев во самоизолација по контакт со заразен од ковид-19

Румен Радев, Красимир Каракачанов, Димитар Петров

Претседателот на Бугарија Румен Радев оди во самоизолација поради контакт со заразен со ковид-19, јавија бугарските медиуми. Делегацијата што ја предводеше тој се врати предвреме од посетата на Естонија. Заразениот со кого бил во контакт бугарскиот претседател е новиот началник на ВВС на Бугарија, генерал Димитар Петров.

Радев- не може да се прават компромиси со историја, идентитет и јазик

Последниот јавен настан каде беа присутни Радев и генерал Петров беше во петокот на празникот на ВВС на таа држава. На него беше присутен и министерот за одбрана Красимир Каракачанов.