Американскиот Сенат ќе гласа за нацрт-законот за помош во време на пандемија

Лидерот на мнозинството во американскиот Сенат Мич Меконел

Лидерот на мнозинството во американскиот Сенат Мич Меконел најави дека Сенатот денеска ќе гласа за предлогот од 500 милијарди долари насочени кон специфични области на кои им треба помош поради пандемијата со ковид-19. Во меѓувреме, како што се наведува од извори во Конгресот, претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси и секретарот за финансии Стив Мнучин „продолжиле да ги намалуваат разликите“ за новиот пакет помош за коронавирусот.


Трамп го потпиша законот за привремено финансирање на државата

Белата куќа предложи стимул од 1,8 трилиони американски долари за да им помогне на Американците кои се справуваат со економските штети од пандемијата на коронавирусот. Конгресот во почетокот на оваа година донесе пакет од неколку милијарди долари за олеснување на последиците од коронавирусот, а многу од републиканците кои го контролираат Сенатот не сакаат да изгласаат уште еден сличен нацрт-пакет.