Белоруското правосудство нареди каналот Телеграм НЕКСТА во живо, кој емитува протести против Александар Лукашенко и има околу два милиони претплатници, да биде додаден на списокот на „екстремистички извори“. Врховниот суд на Белорусија оцени дека каналот пренесува „екстремистичка содржина“, вклучително и „јавни повици за спроведување масовни немири“. Каналот е основан во 2015 година од белорускиот блогер Степан Светлов, кој сега живее во егзил во Полска.
Стотици уапсени на демонстрациите против Лукашенко
Белорусија е погодена од политичка криза уште од претседателските избори од август, кога започнаа масовни антивладини протести низ целата земја, иницирани од официјалните резултати од гласањето, според кои Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите. Противниците на Лукашенко тврдат дека изборите биле украдени. Лукашенко (66), кој управува со Белорусија со цврста рака од јули 1994 година, со репресија на опозицијата и независните медиуми, ги обвинува западните земји за поттикнување протести.