Во изминатото деноноќие, на територијата на Северна Македонија, регистрирани се 796 прекршоци за неносење на заштитна маска, информираше утрово Министерството за внатрешни работи (МВР).
Полицијата и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на корона вирусот.
Вчера, министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека ситуацијата со Ковид-19 во земјата е сериозна и дека ако не се почитуваат пропишаните мерки и протоколи, ќе следува воведување полициски час.