Претседателот на САД Доналд Трамп го нарече главниот владин специјалист за заразни болести, Ентони Фаучи, „катастрофа“, наведувајќи дека Американците се „уморни“ од коронавирусот, дури и кога бројот на нови случаи продолжува да расте во многу држави.
„Луѓето се уморни од ковид“, рече Трамп, додавајќи:
„Луѓето се уморија од слушање на Фаучи и сите овие идиоти, сите овие идиоти кои погрешно го сфатија тоа“.
Трамп ги даде забелешките еден ден откако Си-Би-Ес го објави интервјуто со Фаучи, кој изјави дека „апсолутно не е изненаден што Трамп бил заразен со коронавирусот откако одржа големи настани без маска на лицето.
Трамп - Луѓето треба сами да изберат дали ќе носат маски
Справувањето на претседателот со пандемијата на коронавирусот е клучна тема во кампањата и неговиот рејтинг се намали откако тој се разболе на почетокот на овој месец. Демократскиот предизвикувач Џо Бајден, кој води во анкетите, постојано го критикува Трамп дека не ги почитува советите на научниците за прашања како коронавирусот и глобалното затоплување.
САД регистрираа 8 милиони случаи на коронавирус, најмногу на глобално ниво. Земјата, исто така, води во светот по смртни случаи од оваа болест со повеќе од 220.000 починати.