Во Србија притворен Белгиец обвинет за сексуални злоупотреби

илустрација

Српските власти соопштија дека привеле 60-годишен Белгиец осомничен за повеќе сексуални злосторства во неговата матична земја. Ерик Ламерс беше приведен во централниот град Крагуевац на 7 октомври според потерницата на Интерпол издадена од Белгија, изјави за РСЕ на 19 октомври портпарол на градскиот Висок суд Ивана Обрадовиќ. Новинската агенција АФП цитира судски извор во Белгија дека случајот е поврзан со сомневање за сексуално злоставување девојче на возраст под 12 години.

Во Србија сите ќе мора да носат заштитни маски и на отворено

На 8 октомври, српски судија на претходна постапка во Крагуевац нареди екстрадиција на Ламерс, кој поднесе жалба против таа одлука. Високиот суд подоцна ја потврди првичната пресуда на судијата. Ламерс е поранешен член на белгиската неонацистичка група Вестленд ЊуПост. Претходно беше осомничен за поврзаност со серија убиства во Белгија во 80-тите години на минатиот век.