Шефот на грчката дипломатија Дендиас во посета на Тирана

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас, денеска ќе престојува во посета на Тирана. Првата негова средба ќе биде со домаќинот, овластениот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај, а според најавата, ќе се сретне и со премиерот Еди Рама и шефот на државата Илир Мета. Според албанските медуми една од главните теми на средбите ќе биде прашањето за морската граница меѓу двете земји. Дендиас пред неколку дена рече дека ова прашање бара да се реши што е можно побрзо притоа истакнувајќи дека решавањето на старите проблеми е исто така во интерес на Албанија, со оглед на европската перспектива.

Што сѐ Европската Унија ќе финансира во Западен Балкан?

Дебатата околу прашањето за морската граница се врати по изјавата на грчкиот премиер Кириакос Мицотакис во грчкиот парламент дека неговата земја ќе ги прошири територијалните води со 12 милји во Јонско Море. Договор за морската граница беше потпишан во пролетта 2009 година во Тирана, од тогашните шефови на дипломатиите Дора Бакојани и Љуљзим Баша, но Уставниот суд на Албанија го оцени како неуставен.