Јапаров ќе се кандидира за претседател на Киргистан

Вршителот на должност претседател на Киргистан Садир Јапаров денеска изјави дека ќе се кандидира за претседател на претстојните избори, доколку пратениците гласаат за уставните измени со кои би се одобрило тоа. Киргистанскиот Устав забранува лице кое работи како вршител на должност или привремен претседател да учествува на претседателските избори. За промена на уставот може да биде потребен и референдум.

Киргистанскиот претседател, Соронбаи Јенбеков, поднесе оставка по масовните протести против официјалните резултати на парламентарните избори, кои им ја дадоа победата на партиите поврзани со него и неговата влада. Во официјалното соопштение на 15 октомври, Јенбеков вели дека решил да поднесе оставка „затоа што мирот и единството во нашата земја се поважни од секоја функција“.

Киргистанскиот претседател си поднесе оставка

Оставката на Јенбеков дојде еден ден откако тој ја одобри одлуката на Парламентот да го избере Садир Јапаров за нов премиер на земјата.

Киргистанскиот претседател со услов за повлекување од функцијата

Јапаров за време на протестите беше ослободен од затвор каде што издржуваше долга затворска казна откако беше осуден за киднапирање, го придвижи Киргистан кон решавање на кризата предизвикана од демонстрациите за официјалните резултати од парламентарните избори на 4 октомври.