Одложување на судските рочишта како резултат на последната состојба со пандемијата со Ковид-19 се дискутира да се заменат со онлјан судења, изјави за МИА, претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев. Тој нагласува дека тука постои еден проблем поради тоа што не може да се спроведе онлајн судење ако на тоа не се согласи обвинетиот.
„Мора во иднина да се менуват процесните закони за да може да се предвиди можност и за онлајн судење. Ние сите сме загрижени за состојбата, ни пречи на сите и на Судскиот совет и на судиите, и на претседатели на судови. Ќе мора да се бара некое решение, некој излез од таа состојба“, вели Здравев за МИА.
Освен законските пречки за одржување на онлајн судења, друг проблем со кој се соочуваат судовите ако веќе се создават услови за ваков начин на судење е фактот дека поголемиот дел од судовите во државата не се технички опремени за вакви постапки.
„Ние сите сме загрижени за состојбата, ни смета на сите и на Судскиот совет и на судиите, и на претседатели на судови. Ќе мора да се бара некое решение, некој излез од таа состојба“, вели Здравев.