Американскиот државен секретар Мајк Помпео предупреди дека секоја продажба на оружје на Иран ќе доведе до санкции, откако иранските власти објавија дека од вчера не важело ембаргото на ОН за продажба на оружје. Помпео рече дека Соединетите Држави се подготвени да „воведат санкции против секој т што материјално придонесува за снабдување, продажба и трансфер на конвенционално оружје во Иран“. „Сите земји кои сакаат мир и стабилност на Блискиот исток и ја поддржуваат борбата против тероризмот треба да се воздржат од учество во трговијата со оружје со Иран“, рече американскиот државен секретар.
САД ставија на црна листа 18 ирански банки
Според меѓународниот договор за иранското нуклеарно оружје постигнат во 2015 година, ембаргото на ОН за продажба на оружје и тешка воена опрема на Иран треба да истече на 18 октомври. САД, кои еднострано се повлекоа од договорот, во август безуспешно се обидоа да го продолжат ембаргото во Советот за безбедност на ОН и повторно да воведат меѓународни санкции за Иран. Во септември, Москва изрази волја за развој на воена соработка со Техеран кога ќе се тргне ембаргото, додека Пекинг не крие дека има намера да му продаде оружје на Иран по 18 октомври.