Навални планира да се врати во Русија

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални вели дека Кремљ прави се што е во негова моќ да го спречи неговото враќање во Русија, но тој сепак планира да го направи тоа. Навални за американскиот радиодифузер Си Би Ес изјави дека е решен да се врати за неколку месеци и да ја преземе својата работа во борбата против корупцијата. Тој е во Берлин, каде се заздравува од труењето со токсична хемикалија што и припаѓа на групата Новичок.

Кремљ го обвини Навални за врски на ЦИА откако тој го обвини Путин за труење

Навални изрази уверување дека во август бил изложен на отров со допирање на шише. Нервниот отров не бил во шишето, туку на него, рече тој. Минатата недела Европската унија и Британија покренаа процес за замрзнување на имотот и забрани за патување против шест високи руски функционери и еден субјект за „обид за атентат“ во врска со труењето.