Армијата на Република Северна Македонија денеска испрати контингент од 44 македонски војници во мисијата КФОР на Косово, соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Ова е прво учество на припадници на македонската Армија во мисија на НАТО, по полноправното членство во Алијансата.
„Покажавме кои се нашите квалитети на многу далечни места. Одсега ќе го покажеме нашето вистинско место и во регионот. Членството во НАТО значи безбедност и стабилност за нас, значи сигурност под колективниот чадор на Алијансата“, рече Шекеринска.
На свеченоста по повод изпраќањето на првата ротација на македонската Армија, учествуваа претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.
Пендаровски, Заев и Шекеринска им се заблагордарија на војниците за досегашното учество во мировни мисии.
Контингентот составен од 44 војници, кои ќе работат како штабни офицери во главната команда во Приштина, ќе ја обезбедува регионалната команда на КФОР Запад, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.
Институцијата најавува дека за следната година се планира бројот на припадници на КФОР да се зголеми на повеќе од 60 припадници.