Обезглавен наставник во Франција, покажувал карикатури од пророкот Мухамед

Местото на нападот во предградиото на Париз.

Наставник кој неодамна на учениците им покажувал карикатури од пророкот Мухамед е обезглавен пред неговото училиште во предградие на Париз, во како што францускиот претседател го нарече „исламистички терористички напад.“

Стоејќи близу средното училиште каде учителот бил нападнат, Макрон рече дека „граѓанин е убиен денеска бидејќи бил наставник и бидејќи предавал слобода на изразување.“

Напаѓачот, чиј идентитет не е утврден, бил застрелан од полицијата додека се трудела да го уапси и подоцна починал од повредите, соопшти полицијата.

Француските обвинители за борба против тероризмот изјавија дека убиството го третираат како „убиство поврзано со терористичка организација“ и „злосторничко терористичко здружение“, објави „Ле Монд.“

Весникот исто така објави дека документ за идентификација пронајден кај мртвиот укажува дека тој е 18-годишен роден во Москва.

Документот сугерира дека напаѓачот имал чеченско потекло, но истражителите чекале формална идентификација.

Цитиран е полициски извор како вели дека наставникот ги покажувал карикатурите од пророкот Мухамед пред учениците, што според некои муслимани се смета за богохулно.

Четири лица се уапсени, вклучително и малолетник, велат за АФП судски извори. Сите биле во врска со напаѓачот, вели изворот цитиран од АФП.