Во Собранието денеска почна расправата за ребалансот на Буџетот за 2020 година, кој е втор годинава и со него треба да се овозможи спроведувањето на четвртиот пакет мерки за справување со последиците од кризата предизвикана од Ковид-19. Расправата во ммоментов се одвива во собраниската Комисија за финансирање и буџет, како матична комисија, и согласно Деловникот за работа на Собранието, таа може да трае најмногу 10 работни дена.
Со предложениот ребаланс, приходите се пониски за 0,2 отсто во однос на првиот ребаланс, расходите се повисоки за 4,2 отсто, а дефицитот е зголемен за 22,6 отсто во однос на првиот ребаланс. Вкупните приходи се планирани на ниво од 196,4 милијарди денари, расходите на 253 милијарди денари , а дефицитот е позициониран во износ од 56,6 милијарди денари, односно 8,4 отсто од БДП.