Киргистанскиот претседател, Соронбаи Јенбеков, поднесе оставка по масовните протести против официјалните резултати на парламентарните избори, кои им ја дадоа победата на партиите поврзани со него и неговата влада. Во официјалното соопштение на 15 октомври, Јенбеков вели дека решил да поднесе оставка „затоа што мирот и единството во нашата земја се поважни од секоја функција“.
„Не сакам да бидам познат во историјата на Киргистан како крвав претседател кој пукал кон сопствените граѓани. Затоа, решив да си дадам оставка“, рече Јенбеков.
Оставката на Јенбеков доаѓа еден ден откако тој ја одобри одлуката на Парламентот да го избере Садир Јапаров за нов премиер на земјата.
Потврдата на Јапаров, кој за време на протестите беше ослободен од затвор каде што издржуваше долга затворска казна откако беше осуден за киднапирање, го придвижи Киргистан кон решавање на кризата предизвикана од демонстрациите за официјалните резултати од парламентарните избори на 4 октомври.
Изборниот резултат беше поништен откако демонстрантите - лути на знаците на купување гласови и други непристојности за време на изборите - ги зазедоа зградите на владата на 6 октомври.