Самит на ЕУ главно за справувањето со ковид-19

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел

Лидерите на ЕУ ќе се сретнат во Брисел за да разговараат за епидемиолошката состојба, односите со Британија, и за климатските промени. Тие ќе треба да ја разгледаат целокупната координација и работата за развој и дистрибуција на вакцина на ниво на ЕУ. Европскиот совет ќе направи преглед на имплементацијата на договорот за повлекување на Британија од Европската унија, како и на преговорите за идното партнерство меѓу двете страни.

Самит на ЕУ и Западен Балкан во ноември во Софија, С. Македонија копретседавач

Лидерите ќе разговараат за подготвителната работа за сите сценарија по 1 јануари 2021 година. Лидерите на ЕУ ќе го разгледаат и напредокот кон постигнување на целта на ЕУ за неутралност на климата до 2050 година. Европскиот совет исто така ќе разговара за односите меѓу ЕУ и Африка, а може да се осврне и врз други надворешно-политички прашања.