Денеска во Скопје ќе се одржи уште една средба на македонските и бугарските историчари од мешовитата комисија предвидена со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји. Ова ќе биде 10-та средба на мешовитата комисија, а на последните три не беше постигнат напредок.
Пендаровски: Вон памет е промена на Уставот или договорот со Бугарија
Од македонскиот тим со став дека нема да даваат изјави пред средбата со нивните бугарски колеги. За период од две години Комисијата има препорачано заедничко одбележување на пет историски личности Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и цар Самуил, а усвоени се препораки за учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и петто во Бугарија, кои се однесуваат на античкиот период.