Освен „Македонскa поштa“ можно е приватизирање на Еурокомпозит, ТЕЦ Неготино, Македонски железници - Транспорт, но и други претпријатија, најави денеска премиерот Зоран Заев.
„Јавно-приватното партнерство ќе биде една од преокупациите на Владата во делот на креирањето на економските политики во следниот период поради обидот да ги максимизираме сите ефекти за рестарт, односно за економски раст и развој кој верувам дека ќе биде пример во следните четири години“, изјави денеска Заев, одговарајќи на новинарско прашање за намерите за приватизација на „Пошта“.
Одлуката за приватизација на „Македонска пошта“ Владата ја донесе на вчерашната седница.
Во таа насока Заев рече дека „државите со кои се натпреварува Македонија имаат доминантно приватни пошта, а целта граѓаните да имаат поквалитетни поштенски услуги“.