Владите ширум светот ја користеа пандемијата на ковид-19 како покритие за проширување на контролата преку интернет и собирање податоци, цензурирање на критички говор и градење нови технолошки системи на социјална контрола. Ова се наведува во најновото годишно издание за проценка на слободата на Интернет, објавена на 14 октомври 2020 година од Фридом Хаус. Брзото и неконтролирано ширење на вештачката интелигенција и биометрискиот надзор за решавање на јавната здравствена криза создаде нови ризици за човековите права.
Фридом Хаус: Влијанието на ковид-19 врз слободата во светот
Апликациите за паметни телефони за пронаоѓање контакти се воведени во 54 од 65 земји оценети во новиот извештај на Фридом хаус. Само неколку земји, како што се наведува, поседуваат ефективни механизми за заштита на личните податоци од насилни практики од страна на државата или приватниот сектор. Политичките лидери исто така ја користат пандемијата како изговор за цензурирање на неповолните вести, апсење на критичари и на припадници на етнички и религиозни групи.