Ккоронавирус уби најмалку 1.077.849 лица од појавата на епидемијата во Кина минатиот декември, објави АФП повикувајќи се на изјави на официјални претставници. Регистрирани се најмалку 37.575.650 случаи на заразени, а од нив, најмалку 25.963.400 се сметаат за обновени.
Во извешатјот на АФП , кој користи податоците собрани од националните власти и информации од Светската здравствена организација (СЗО), се наведува дека бројките веројатно одразуваат само мал дел од реалниот број на инфекции.
Многу земји тестираат само симптоматски или најсериозни случаи.
Вчера беа, регистрирани 296.702 нови случаи ширум светот. Врз основа на најновите извештаи, земјите со најмногу нови смртни случаи се Индија каде има 816 нови смртни случаи, потоа САД со 460 и Бразил со 290 смртни случаи.
Соединетите држави се најпогодена земја со вкупно 214,776 починати од 7 763 371 случаи. По САД, најтешко погодени се земјите од Бразил со 150,488 починати од 5,094,979 случаи, Индија со 109,150 починати од 7,120,538 случаи, Мексико има 83,781 починати од 817,503 случаи и Велика Британија е со 42,825 починати од 603.716 случаи.
Земјата со најголем број починати во споредба со нејзиното население е Перу со 101 смртен случај на 100.000 жители, следена од Белгија со 88, Боливија 71 и Бразил 71.
Кина - со исклучок на Хонг Конг и Макао - прогласи 85.578 заразени, вклучително и 4,634 смртни случаи и 80 714 закрепнувања. Латинска Америка и Карибите севкупно пријавиле 369.292 починати од 10.112.390 случаи, Европа 241.960 починати од 6.503.086 инфицирани и САД и Канада 224.388 починати од 7.945.141 случаи. Азија има 152.841 починати од 9.204.642 случаи, на Блискиот исток 50.289 умрени од 2.198.577 случаи, Африка 38.085 починати од 1.579.352 случаи и Океанија 994 починати од 32.468 случаи.
Во извештајот на АФП се наведува дека како резултат на корекции од страна на националните власти или доцна објава на податоци, бројките ажурирани во текот на изминатите 24 часа може да се менуваат.