Откажана втората дебата меѓу Трамп и Бајден

Првата дебата меѓу претседателските кандидати Доналд Трамп и Џо Бајден.

Комисијата за претседателски дебати ја откажа дебатата меѓу кандидатите за претседател на САД, Џо Бајден и Доналд Трамп која беше закажана следната недела. Трамп претходно изјави дека нема да учествува во дебата која треба да се одржи во виртуелен формат.

„Секој (кандидат) сега објави алтернативни планови за тој датум. Сега е очигледно дека нема да има дебата на 15 октомври“, соопшти комисијата.

Третата дебата, која е закажана на 22 октомври во Нешвил, Тенеси, сега ќе биде последната дебата пред претседателските избори во САД кои ќе се одржат на 3 ноември. Дебатата, според комисијата, во согласност со сите здравствени протоколи. Форматот превидува шест сегменти по 15 минути за теми избрани и објавени од модераторот најмалку една недела однапред.

Кампањата на Трамп на 8 октомври соопшти дека дебатата на 22 октомври треба да се одложи на 29 октомври. Тимот на Бајден го отфрли одложувањето, велејќи дека на Трамп не смее да му се дозволи „да го преработи календарот и да избере нови датуми по негов избор“.

Комисијата донесе одлука втората дебата да се одржи виртуелно бидејќи Трамп беше позитивен на корорнавирус.