Европа за прв пат надмина 100.000 нови случаи на коронавирус, откако земји како Русија и Велика Британија регистрираа зголемување на бројот на инфицирани лица пет дена по ред. Случаите низ Европа постојано се зголемуваа во текот на изминатата недела, дури и кога новите инфекции во најтешко погодените земји како Индија и Бразил покажаа знаци на забавување.
Епицентарот на епидемијата во европскиот регион се пресели во Велика Британија, Русија, Шпанија и Франција, кои пријавиле најмалку 10.000 случаи во последните три дена. Европа во моментов бележи над 16 проценти од вкупните случаи на коронавирус и скоро 22 проценти од смртните случаи низ целиот свет.
Русија денеска ги објави најголемиот број дневни случаи на коронавирус од последниот рекорд во мај, што ги натера властите во Москва да размислат за затворање на баровите и ноќните клубови.
Велика Британија вчера забележа повеќе од 17 000 случаи, а министерот за здравство Мет Мет Хенкок предупреди дека Велика Британија е во „погубен момент“.
Многу делови на северна Англија, Велс и Шкотска воведоа построги ограничувања на социјалната интеракција за да се обидат да го спречат растечкото ширење на болеста.
Велика Британија има алармантна стапка на смртност од седум проценти, што е меѓу највисоките во светот. Повеќе од шест лица од секои 10.000 починале од вирусот во оваа земја.
Вчера кога пријавените случаи на дневно ниво ја надминаа границата од 100.000 заразени, Источна Европа е најтешко погодена област со над 33.600 пријавени случаи на ден.