Министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан би требало да ги одржат првите разговори на високо ниво откако избувна конфликтот околу спорниот регион Нагорно Карабах пред две недели. Состанокот во Москва ги подгрева надежите дека може да дојде до прекин на огнот. Средбата доаѓа по повикот на рускиот претседател Владимир Путин, кој исто така апелираше да престанат судирите во спорниот регион.
Нагорно Карабах - Нови борби кај градот Јебраил
Дипломатски напори за примирје во Нагорно-Карабах
Франција, која заедно со Русија и Соединетите држави е претседател на групата која посредува во долготрајниот конфликт меѓу двете земји, соопшти дека постои шанса за примирје, но дека тоа не е сигурно.
„Путин заврши одлична и интензивна работа со своите колеги од Баку и Ереван. Двете страни одговорија. Министрите за надворешни работи (Зохраб Мнацаканиан од Ерменија и Јeyхун Бајрамов од Азербејџан) се на пат кон Москва и денеска ќе започнат со работа со рускиот министер за надворешни работи Лавров“,изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков додаде дека Путин нема намера да се сретне со министрите.