Не мислем дека само зголемувањето на казните ќе даде ефект во борбата со Ковид-19. Некогаш е многу поважно ако треба и со помала казна, меѓутоа да се почитуваат тие мерки што ги имаме со поголеми контроли, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се зголемат казните за неносење маски со оглед на тоа што секојдневно се високи бројките за непочитување на оваа мерка.
- Нов рекорд инфицирани од корона и најава за нови мерки
- За 24 часа 608 пријави за неносење маска, „нема изговор“ вели Филипче
„Во секоја кризна состојба, па и оваа со Ковид-19, превентивата и подигањето на јавната свест е најважната работа и затоа постојано се апелира до граѓаните. Многу е важно да ги почиуваме мерките и да разбериме дека се што се прави е за заштита на нашето здравје, на нашите семејства, на нашето опкружување“, рече Спасовски.
Казната за неносење заштитна маска за лице на пропишаните места изнесува 20 евра.