Нобеловата награда за мир за Светската програма за храна на ОН

Светската програма за храна (WFP) при Агенцијата за храна на Обединетите нации е добитник на Нобелова награда за мир 2020

Агенцијата за храна на Обединетите нации - Светската програма за храна (WFP) е добитник на овогодинешната Нобелова награда за мир, соопшти денеска Комитетот за доделување на наградата во Осло, Норвешка.

Наградата вредна 1,1 милиони долари, добитникот ќе ја прими на 10 декември во Осло. Оваа година во трка за оваа престижна награда беа 318 кандидати, од кои 211 поединци и 108 организации.

Лани добитник беше етиопскиот премиер Аби Ахмед, а првата Нобелова награда за мир во 1901 година ја поделија Швајцарецот Жан-Анри Динан, основач на Црвениот крст и Французинот Фредерик Паси, основач и претседател на Француското друштво за арбитража. Наградата за мир, се доделува во Осло за разлика од другите Нобелови награди - во Стокхолм традиционално на 10 декември, денот на смртта на основачот на наградата, шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел (1833-1896), пронаоѓач на динамитот.