Ерменска црква во Нагорно Карабах, цел на гранатирање
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Ерменија го обвини Азербејџан за гранатирање на црквата Свети Спасител во регионот Нагорно Карабах, за кој се водат борби меѓу двете земји. Имало два напада, а во вториот биле ранети тројца новинари. Властите потврдија дека еден од новинарите - добро познатиот руски воен дописник и блогер Јуриј Котјонок - бил сериозно ранет и пренесен во локалната болница. Оваа црква од 19 век е дел од Ерменската апостолска црква. Сместена е на само неколку километри јужно од главниот град на Нагорно Карабах, Степанакерт.