Претседателот на Киргистан подготвен да даде оставка

Претседателот на Киргистан Соронбаи Јенбеков

Претседателот на Киргистан Соронбаи Јенбеков изјави дека е подготвен да поднесе оставка откако ќе биде назначен нов кабинет за ставање крај на вакуумот на власта во централноазиската земја. „Откако ќе бидат одобрени легитимните извршни власти и ќе се вратиме на патот на законитоста, јас сум подготвен да ја напуштам функцијата претседател на Република Киргистан“, напиша на неговата веб-страница.

Киргистан - време за вистински промени?

Изјавата дојде неколку часа откако кабинетот на Јенбеков соопшти дека оставката на претседателот не е „под знак прашалник“ бидејќи разговорите со политичките лидери се во тек по протестите предводени од партиите кои загубија на спорните парламентарни избори на 4 октомври. Киргистан е зафатен од немири предизвикани од обвинувањата за купување гласови и непрописноста на изборите на кои победија провладините партии.

Запален парламентот во постизборните протести во Киргистан

Илјадници демонстранти излегоа на улиците, а приврзаниците на опозицијата ги зазедоа владините згради на 6 октомври. Неколку политички сили планираа нови демонстрации на 9 октомври. Опозициските групи досега ја принудија владата да си даде оставка, а Изборната комисија да ги поништи резултатите од изборите, но тие не успеаја да се договорат за тоа кој би ја предводел привремената влада.