Министерството за здравство соопшти дека според извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 28 септември до 4 октомври, тестирани се вкупно 9.832 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за Ковид-19, односно 1,5 отсто повеќе во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 1.203 нови позитивни случаи од 31 град во државата, што претставува зголемување од 35,5 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово - 192,3 на 100.000 жители.
Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 12,2 отсто или три отсто повеќе во однос на претходната недела.