Продолжуваат жестоките борби околу Нагорно Карабах

НАГОРНО-КАРАБАХ - Маж оди низ дворот на станбена зграда оштетена од гранатирање од артилеријата на Азербејџан, 7 октомври 2020 година

Жестоките борби продолжуваат околу отцепениот регион Нагорно Карабах и денеска и покрај меѓународните повици за прекин на огнот во зоната на ерменско-азербејџанскиот конфликт.

Воени претставници во Ереван изјавија дека сепаратистичката армија, поддржана од Ерменија, одбила азербејџански напад од големи размери врз нејзините позиции на најјужниот дел од „линијата на контакт“ во Нагорно Карабах. Областа, која се граничи со Иран, е епицентар на воените дејствија во последните денови.

Дипломатски напори за примирје во Нагорно-Карабах

Откако избувнаа борбите на 27 септември, двете страни пријавија најмалку 250 смртни случаи, вклучувајќи десетици цивили. Се верува дека вистинската бројка е многу поголема бидејќи обете страни тврдат дека нанеле големи воени жртви.

Секоја страна ја обвини другата дека има за цел цивили. Екипа на ерменската служба на РСЕ што работи во Степанакерт, најголемиот град на отцепениот регион, извести за гранатирање од страна на азербејџанските сили денеска по краткото застој на 6 октомври.