Презентацијата на редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од Западен Балкан денеска по прв пат ќе добие официјален превод во локалните јазици од регионот, вклучително и македонскиот, јави МИА од Брисел. Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, ќе ги презентира извештаите на прес конференција попладнево околу 16 часот и 30 минути.
Како што информираше Европската комисија (ЕК), оваа прес конференција ќе може да биде проследена со превод во секој од јазиците од регионот, вклучително и македонскиот јазик.
Ова е прв пат Европската комисија да обезбеди превод на други јазици освен официјалните јазици на Европската Унија на редовна прес конференција, јави МИА од Брисел.