Централната изборна комисија на Киргистан ги поништи резултатите од парламентарните избори одржани на 4 октомври, исполнувајќи ги барањата на илјадници демонстранти кои излегоа на улиците и упаднаа во државните згради велејќи дека партиите на естаблишментот победиле преку купување гласови.
Кабинетот на претседателот Соронбаи Јенбеков претпладне соопшти дека земјата е под „негова контрола“, но нема информации каде е тој во моментов. Тој претходно изрази подготвеност да бидат поништени спорните резултати од парламентарните избори и ги повика своите противници да ги прекинат немирите бидејќи им наредил на безбедносните сили да не отвораат оган.
Тој ги опиша постапките на демонстранти, кои ги зазедоа зградите на владата, телевизијата..., како обид на некои политички сили илегално да ја преземат власта.