Судири меѓу полицијата и демонстрантите по спорните избори во Киргистан
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Киргистанските безбедносни сили употребија гумени куршуми, солзавец и шок-бомби на 5 октомври против илјадници луѓе собрани во центарот на главниот град Бишкек, во знак на протест против резултатите од парламентарните избори во текот на викендот, на кои победија партиите блиски до прорускиот претседател Соронбаи Јенбеков. Потоа демонстрантите влегоа во зградата во која се сместени канцелариите на шефот на државата и парламентот на Киргистан во која подоцна избувна пожар.