Во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 191 нови случаи на ковид-19 инфомира Министерството за здравство. По градови најмногу заболени има во Скопје 96, а потоа следуваат Тетово и Кочани со по 15 и Прилеп со 13 новозаболени. Другите градови имаат по едноцифрена бројка новозаболени.
Во болнички услови починати се три лица, од Скопје, од Кичево и од Струга. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 77 оздравени пациенти.
Вчера во Македонија беше регистриран рекорден број заболени, 243 нови случаи на ковид-19, а завчера исто така бројката беше висока 225 нови случаи на ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче најави анализа викендов по што ќе излезат со предлог за нови мерки.
Инаку, со денешните резултати, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18790, бројката на оздравени пациенти е 15341, на починати е 756, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2693.