Косовската полиција за Радио Слободна Европа потврди дека вчера вечерта во мултиетничкото село Долна Брњица, во општина Приштина, дошло до употреба на огнено оружје во училишен двор. Од полицијата велат дека нема повредени и дека засега не се знае како дошло до инцидентот за кој истрагата е во тек.
Портпаролот на полицијата на Косово Даут Хоџа во писмена изјава за РСЕ наведува дека на 3 октомври околу 19.30 полицска екипа излегла на местото на настанот за да изврши увид по пријавата за пукање во Долна Брњица во близина на Приштина.
„Две машки лица сведочеа дека додека биле во училишниот двор дошле двајца непознати мажи и дека еден од нив пукал од огнено оружје. Релеванти полициски единици излегоа на местото на настанот каде што е пронајден и подигнат куршум. Случајот се истражува“, вели Хоџа.
На веста за инцидентот се огнено оружје реагираше директорот на канцеларијата на владата на Србија за Косово Марко Ѓуриќ кој во соопштението бара итно идентификување и апсење на напаѓачите.