Рекорден број заразени со ковид19 во Чешка и Полска

Чешка- медицинско лице им помага на луѓето кои чекаат да бидат тестирани за коронавирусот

Чешките власти соопштија дека во последните 24 часа се регистрирани 3793 нови случаи на коронавирус, што сега е рекорден број заболени, по вчерашниот рекорд кој беше за околу 300 позитивни случаи понизок од денешниот.

Во Чешка од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 78 051 заболен од коронавирусот, а починаа 699 лица. Во моментов активни случаи се 42 320 од кои хоспитализирани се 1134 луѓе. Владата прогласи вонредна состојба која стапува во сила од петти октомври и најави нови рестриктивни мерки.

И Полска денеска јави за свој рекорд во дневно заболени од коронавирусот, 2 367 нови случаи, а починале 34 лица. Со население од 38 милиони Полска од почетокот на епидемијата досега има регистрирано 98 140 заболени и 2604 смртни случаи.