Државната комисија за спречување на морупција (ДКСК) утврди дека 12 пратеници од парламентраниот состав 2016-2020 година, по престанокот на функцијата не доставиле анкетен лист, а шест пратеници доставиле со задоцнување, соопшти денеска на прес-конференција, претседателката ДКСК, Билјана Ивановска.
Како што информира Ивановска, анкетни листови не доставиле Неџбедин Таремани, Арта Точи, Зоран Георгиевски, Фадил Зендели, Ферид Мухиќ, Самка Ибраимоски, Илија Николовски, Амди Бајрам, Александар Филиповски, Диме Велковски, Џулумсер Касапи и Татјана Прентовиќ. Со задоцнување анкетните листови ги доставиле Реџеп Мемети, Борис Змејковски, Владимир Ѓорчев, Јохан Тарчуловски, Магдалена Манасковска и Лилјана Поповска.
За сите пратеници кои задоцниле, односно не доставиле анкетни листови, ќе бидат покренати прекршочни постапки, соопшти Ивановска.