Во последните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ). Новозаразените се регистрирани во Скопје 96, Куманово 8, Штип 7, Прилеп 8, Тетово 15, Струга 3, Велес 5, Битола 8, Охрид 2, Кавадарци 6, Гостивар 2, Гевгелија 1, Струмица 11, Крива Паланка 7, Радовиш 1, Кочани 17, Пехчево 1, Берово 10, Валандово 3, Виница 1, Делчево 2, Кратово 1, Свети Николе 6 и во Кичево 4.
„Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83), по еден од Прилеп (78), Тетово (63) и Битола (59). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти“, соопшти МЗ.
Поради зголемениот број новозаразени, министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека попладнево е на итна средба со членовите на комисијата за заразни болести.
„Во моментов имам консултативна средба со членовите на Комисијата за заразни болести, ја анализираме актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број на нови случаи со болеста. Повеќе информации по завршување на средбата“, напиша Филипче на фeјсбук.
- За 24 часа 874 прекршоци за неносење маска за лице
- Игротеките се отвораат и ќе работат по посебни протоколи
Досега во земјата се направени вкупно 191.821 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18363, бројката на оздравени пациенти е 15164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2450.