Белорусија со црна листа одговори на санкциите од ЕУ

Илустрација

Белоруското Министерство за надворешни работи направило листа на лица на кои им е забранет влез во земјата, како одговор на санкциите воведени од Европската Унија (ЕУ).

Во соопштението од Министерството, објавено денеска, во кое Минск ја обвинува ЕУ за воведевање „казнена мерка“ за Белорусија, се вели дека списокот на непожелни лица нема да биде јавно објавен.

На состанокот во Брисел, лидерите на ЕУ 27 се согласија да воведат санкции за одговорните за насилството по претседателските избори во Белорусија. ЕУ-лидерите побараа овие ограничувачки мерки да стапат на сила „што е можно побргу“.

Александар Лукашенко, кој тврди дека победил на изборите во август, не се наоѓа на списокот со санкции, а дипломати од ЕУ рекоа дека тој може да биде додаден подоцна.