Ерменија подготвена за мировни преговори преку ОБСЕ

Илустрација - Остатоци од лансирана ракета падната во градот Иванјан во Нагорно-Карабах, 1 октомври 2020

Ерменија вели дека е подготвена да се вклучи во мировни разговори преку ОБСЕ бидејќи меѓународните лидери продолжуваат да повикуваат на итен прекин на борбите со азербејџанските сили за отцепениот регион Нагорно-Карабах, поради загриженоста дека пожарот во насилството може да прерасне во целосна војна на регионалните сили.

Во денешната изјава од Министерството за надворешни работи (МНР) во Ереван се вели дека го поздравуваат вчерашниот заеднички повик од Франција, Русија и САД, кои се земји-копретседавачи на ОБСЕ Минск групата, за итен прекин на непријателствата меѓу силите што се борат за Нагорно Карабах.

„Ерменија останува посветена на мирното решавање на конфликтот Нагорно-Карабах. Ние сме подготвени да се вклучиме со ОБСЕ Минск групата за повторно воспоставување режим на прекин на огнот врз основа на договорите од 1994-1995 година“, се вели во соопштението од ерменското МНР.

Повеќе од 100 луѓе, вклучувајќи и многу цивили, се убиени во тешки судири - вклучително и употреба на вооружени беспилотни летала, тенкови, хеликоптери и повеќеракетни системи - долж поголем дел од линијата што ги раздвојува етничките ерменски сили кои го контролираат Нагоро -Карабах од трупите на Азербејџан. Судирите се сметаат за најтежок чин на насилство од прекинот на огнот во 1994 година со кој заврши војната над спорната територија.