Гаранцијата на идентитетските прашања се потврдени со Договорот за добрососедство со Бугарија – тоа е македонскиот јазик и македонскиот народ, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Тој на денешната прес-конференција нагласи дека ќе биде внимателен во одговорите на барањата на Бугарија за решавање на прашањето за Гоце Делчев и за јазикот, бидејќи треба да се постигне решение што ќе носи придобивки на двете страни и ќе биде за добробит и за позитивни ефекти и за Северна Македонија и за Бугарија.
Изјавата на Заев е во контекст на една од најжешките теми во последните дваесетина дена откако официјална Софија испрати Меморандум до Европската унија во кој бара прашањата како тие за македонски јазик и македонска нација да влезат во преговарачката рамка на Северна Македонија и Унијата. Од македонската Влада реагираа дека уцените не се европски вредности, а според Германија, таа и другите ЕУ држави, нема да ѝ дадат поддршка на Софија за меморандумот.
- Захариева: Добрососедските односи се критериум за членство во ЕУ
- Заев: Мешовитата комисија ќе одлучува за Гоце Делчев
„Јас верувам дека во сите тие документи и коментари кои излегуваат се само желба за решавање на ова четврто историско поглавје или шеста историска личност која може да бдие ослична можност да не сплотува, да не зближува да го јакен пријателството. Ќе бидеме внимателни во коментарите затоа што знаеме дека треба да постигнеме реѓшение кое што треба ќе носи придобивки на двете за двете страни и ќе биде за добробит и за позитивни позиции и на Северна Макеоднија и на Бугарија“, изјави премиерот Заев.
Бугарија вчера пак го актуелизираше прашањето за македонскиот јазик, откако на предлогот на вицепремиерот, Красимир Каракачанов, бугарското Собрние го преименува 24-ти од Ден на сесловенската во Ден на бугарската писменост.