За 24 часа 874 прекршоци за неносење маска за лице

Илустрација - Заштитната маска за лице треба да ги покрива и устата и носот, советуваат лекарите

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, се регистрирани 874 прекршоци, информираше утрово Министерството за внатрешни работи (МВР).

Казната за непочитување на мерката за носење на лична заштита за лице во јавни затворени простории, како што е предвидено со протоколите за заштита од ширење на коронавирусот, изнесува 20 евра.

МВР и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со Ковид -19. Лекарите советуваат дека маската треба да ги покрива и устата и носот.