Хјуман рајтс воч ги критикуваше плановите на Русија да ја прошири употребата на „инвазивни“ системи за препознавање на лице поради „сериозната загриженост“за потенцијалното загрозување на приватноста. Весникот „Комерсант“ во минатата недела објави дека камери за видео надзор со софтвер за препознавање на лице ќе бидат инсталирани на јавни простории и на влезови на станбени згради во 10 пилот градови низ Русија со наводна цел за заштита на јавната безбедност.
Видео надзор само за безбедност, во спротивно нема приватност
Оваа технологијата веќе се користи во Москва, каде што властите планираат да ја прошират неговата употреба во трамваи и подземни возови. „Оценките за кршење на правата во Русија значи дека властите треба да бидат подготвени да одговорат на тешки прашања за да докажат дека не ги поткопуваат правата на луѓето, правејќи се дека ја штитат јавната безбедност“, рече Хју Вилијамсон, директор за Европа и Централна Азија во ХРВ. Очекуваното распоредување на технологијата за препознавање на лицето низ целата земја е критикувано и од меѓународната група за човекови права Амнести Интернешнл, која предупреди дека „неизбежно ќе има ефект на застрашување“ врз демонстрантите.